МВР

134 санкционирани возачи во Скопје, 13 без возачка

31.01.2023 09:24

На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за нерегистрирани возила...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.