Париз

Франција и Италија купуваат 700 противвоздушни ракети од среден дострел

31.01.2023 09:53

Франција и Италија ќе ги добијат верзиите „Астер 15“, „Астер 30 Б1“ и најновата верзија на „Астер 30 Б1НТ“...

Париз и Рим потпишаа договор за купување на околу 700 противвоздушни ракети со среден дострел „Астер“ од конзорциумот „Еуросам“.

Франција и Италија ќе ги добијат верзиите „Астер 15“, „Астер 30 Б1“ и најновата верзија на „Астер 30 Б1НТ“. Од француското МНР изјавија дека станува збор за една од најголемите нарачки, додавајќи дека ќе бидат потребни адаптации во целиот воено-индустриски сектор.