Ракомет, домашно првенство, плеј-оф

Два натпревара од 6.коло во плеј-офот

03.05.2014 15:00

Првакот Вардар вчера го победи Металург со само еден гол, 25-24, по што максимална останува неизвесноста во борбата за круната во машкиот ракометен шампионат. По европската елиминација, двата наши најдобри тима го одиграа првиот од трите меѓусебни меча до крајот на сезонава, коишто треба да решаваат за двете титули на домашна сцена.

Очекувајќи го возвратниот судир в четврток во „Автокоманда“, каде што Металург со победа од најмалку два разлика многу веројатно ќе го врати пехарот во своите витрини, бранителот на насловот в понеделник го очекува гостување кај стариот ривал Пелистер. Нивните дуели порано беа спектакуларни дербија, но битолчани последниве сезони се далеку од конкурентни. Сепак, во име на некогашното ривалство, и оваа пресметка Пелистер-Вардар ќе има специфична привлечност. Ќе ја гледате и на МРТ-1, в понеделник од 17.30.

Во меѓувреме, денеска ќе бидат одиграни два меча од шестото коло во плеј-офот на Супер Лигата, во коишто Пелистер му гостуваат на Металург Јуниор, а Зомимак ќе истрча на теренот на Пролет.