Запалени знамиња на Шведска, Данска, Холандија пред шведската амбасада во Џакарта
Демонстрантите ги запалија портретите на данскиот ултрадесничар Расмус Палудан, како и знамињата на Шведска, Данска и Холандија...

Протест пред шведската амбасада во Џакарта поради палењето на примероци на Куранот во Шведска и Холандија. Демонстрантите ги запалија портретите на данскиот ултрадесничар Расмус Палудан, како и знамињата на Шведска, Данска и Холандија.
На 21 јануари тој запали копија од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм, а потоа холандскиот лидер на екстремно десничарското движење Пегида, Едвин Вагенсвелд, искина копија од Куранот во близина на седиштето на холандската влада.
Поради инцидентите, САД издадоа предупредување за можни терористички напади во Турција врз цркви, синагоги и дипломатски претставништва. Слична тревога беше активирана и во амбасадите на неколку други земји.
