Брисел
Тројца повредени по напад со нож
31.01.2023 09:58
Полицијата го уапси напаѓачот кој им бил познат на властите поради инциденти предизвикани од психички проблеми...

Три лица се повредени во напад со нож во Брисел на метростаница во близина на европските институции.
Полицијата го уапси напаѓачот кој им бил познат на властите поради инциденти предизвикани од психички проблеми. Во тек е истрага за мотивот. Во 2016 година се случи сличен инцидент во истата област.
