Флорида
Од автомобил застрелани десетмина
31.01.2023 09:59
Двајца се во критична состојба. Сите на возраст меѓу 20 и 35 години...

Десетмина се ранети во пукотница во Лејкленд, Флорида. Двајца се во критична состојба. Сите на возраст меѓу 20 и 35 години.
Се трага по напаѓачите. Според локалните власти, пукањето се случило вчера попладне, а куршуми биле испукани од сите четири прозорци на темносин „нисан“ кој се движел бавно.
