МВР

Приведен бегалец од затвор, спроведен во КПУ Прилеп

31.01.2023 10:51

Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот...

Вчера на улица „Гоце Делчев“ во село Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с. Кривогаштани. Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казна затвор во траење од две години и три месеци.