Македонија

МВР: 178 санкции за брзо возење

31.01.2023 10:52

88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи.

Од нив 21 возило се движело со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.