Од година во година се намалува бројот на интервенции на велешките пожарникари
Четири години по ред опаѓа бројот на интервенции на велешките пожарникари иако тие покриваат трета територија по големина во Македонија. Ова било резултат на работата на терен, едукацијата на граѓаните за штетноста од пожарите...

Осетно е намален бројот на интервенции на велешките пожарникари во 2022 година. Во текот изминатата година тие имале 234 интервенции од кои осум на територија на Општина Чашка, 26 на територија на Општина Градско и 200 на територија на Општина Велес. Добрата вест, освен намалениот бројот на интервенции, е што и годинава при пожарите, нема регистрирано човечки жртви.
Во текот на претходните 12 месеци пожари на отворено имало 124, пожари на објекти 62 и 48 технички интервенции, во коешто спаѓа и интервенции при сообраќајки, вадење давеници од вода, влегување во стан заради потребите на полиција, искрење на бандери, вадење на вода од подрумски простории.
Ова е четврта година по ред, како се намалува бројот на интервенции кои ги имале велешките пожарникари. Минатата година се бележи пад при бројот на интервенции за запалени возила, кога пожарникарите интервенирале во 16 случаи наспроти 26 во 2021.
Петар Печков
