Кожув кај Лирија, Работнички кај Струмица
Во домашното кошаркарско првенство, допрва ќе се разгорува борбата за титулата, иако јасно е дека таму МЗТ Скопје Аеродром е со огромни шанси за трета последовна круна, ако се суди по резултатите и по односот на силите досега во суперлигашката фаза.

Седмиот триумф МЗТ го запиша синоќа против Куманово, многу полесно во споредба со претходната меѓусебна средба во Куманово, каде што успехот го оствари дури во финишот. Без пораз досега е актуелниот првак, а само еден неуспех, пак, има Кожув. Тимот од Гевгелија е неприкосновен на втората позиција по шест одиграни кола и може да си дозволи пред дербито со лидерот во наредниот меч, нешто полабаво да му пријде на денешното гостување кај Лирија. Лирија има победнички императив со оглед дека е во трка по плеј-офот, а истото важи и за Работнички, кому му требаат бодови на теренот на Струмица за да ја продолжи трката по пласман во разигрувањето