Култура

Перформанс и предавање на уметницата Дилејн Ле Бас во МСУ - Скопје

31.01.2023 11:52

Перформансот се однесува на уметничка практика на Ле Бас, претставена преку проектот „Архивата на Куќата“.

Утревечер во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје предавање и перформанс ќе одржи британската уметница Дилејн Ле Бас. Разговорот со неа ќе го води уметникот Никола Узуновски.

Перформансот се однесува на уметничка практика на Ле Бас, претставена преку проектот „Архивата на Куќата“.

Неколку нејзини уметнички дела се составен дел од веќе отворената изложба „Сѐ што ни е заедничко“, во МСУ Скопје, која е реализирана во рамки на проектот Манифеста 14 Приштина – Западен Балкан.

Настанот се организира со финансиска поддршка на Британската Амбасада во Скопје.

Дилејн Ле Бас е британска уметница на вкрстени дисциплини и создава инсталации, перформанси, фотографии и филмови.