ИЗРАЕЛ

Блинкен во посета на Ерусалим

31.01.2023 12:06

Неговата посета е во период на зголемени тензии и смртоносни пресметки на Западен Брег и источен Ерусалим...

Американскиот државен секретар Блинкен ја потврди посветеноста на САД за израелската безбедност на средбата со министерот за одбрана Галант во Ерусалим. Неговата посета е во период на зголемени тензии и смртоносни пресметки на Западен Брег и источен Ерусалим.

„Обединети сме. Ја ценам можноста да размениме идеи и ставови, имаме многу работа. Состанокот е во одлиен момент“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

„Вашата посета е во критичен миг. Му праќа јасна порака на регионот, САД и Израел се обединети во соочувањето со Иран и секој што претставува закана за мирот и стабилноста на регионот“, истакна Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Во последните рации загинаа десетмина Палестинци, а во синагога беа застрелани седуммина.