Македонија

Ковачевски: МВР ќе обезбеди мирно и достоинствено чествување на роденденот на Гоце Делчев

31.01.2023 12:25

Засега нема информации колку бугарски граѓани ќе дојдат во Скопје. Премиерот Ковачевски без конкретен одговор дали е можно некој бугарски државјанин да се прогласи за персона нон грата...

Македонското МВР ќе обезбеди мирно и достоинствено чествување на роденденот на Гоце Делчев, и тоа ќе се случи, според Законот, вели премиерот Ковачевски. Засега нема информации колку бугарски граѓани ќе дојдат во Скопје.

„Тоа се акти на поединци и акти на групи кои не сакаат да имаме добро односи помеѓу државите. Тие немаат економска агенда, немаат никаква евроинтегративна агенда, имаат националистичка агенда и сакаат овој регион да го држат како заложник на минатото и своите популистички агенди и не сакаат да го видат целиот регион во ЕУ. Од друга страна, раководствата на сите држави во регионот се за интеграција во ЕУ“, нагласи премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски без конкретен одговор дали е можно некој бугарски државјанин да се прогласи за персона нон грата.