Две мајсторки, Портланд во наредната фаза
Портланд обезбеди втор круг од разигрувањето во Ен-Бе-А лигата откако ја доби серијата со Хјустон со 4-2. На синоќешниот, последен дуел, „Блејзерс“ го искористија домашниот паркет и победија со 99-98. Натпреварот го реши Дамиан Лилард кој погоди тројка со звукот на сирената и на Портланд му донесе пласман меѓу четирите најдобри во конференцијата првпат по 14 години. А се чинеше дека Хјустон ќе израмни на 3-3 кога Парсонс реализираше на 9 десетинки пред крајот за плус два за гостинскиот состав.

Портланд обезбеди втор круг од разигрувањето во Ен-Бе-А лигата откако ја доби серијата со Хјустон со 4-2. На синоќешниот, последен дуел, „Блејзерс“ го искористија домашниот паркет и победија со 99-98. Натпреварот го реши Дамиан Лилард кој погоди тројка со звукот на сирената и на Портланд му донесе пласман меѓу четирите најдобри во конференцијата првпат по 14 години. А се чинеше дека Хјустон ќе израмни на 3-3 кога Парсонс реализираше на 9 десетинки пред крајот за плус два за гостинскиот состав. Покрај Лилард со 25 коша, кај Портланд блесна и Ламаркус Олдриџ со 30 поени и 13 скока.
Нареден противник на Портланд ќе му биде поуспешниот од низата меѓу Далас и Сан Антонио. На шестата пресметка се радуваше Далас со 113-111 што значи дека ќе има мајсторка во „Аламо домот“ во Сан Антонио. Најзаслужни за тоа се Монта Елис со 29 и Дирк Новицки со 22 коша. „Спарс“ можеа да ја завршат работата и ноќеска со оглед на водството од пет коша на влезот во последната четвртина, но со серија од 14-2 Далас ја врати неизвесноста и ја доби драмата. Во тексашкото соочување, Сан Антонио засега не може да ја потврди фаворитската улога, а се очекуваше дека лесно ќе мине ако се знае дека во основниот дел од сезоната победи на сите четири меча.
Седма средба ќе играат и Бруклин и Торонто. „Нетс“ имаа контрола во својата сала за конечни 97-83 во шестиот натпревар. Дерон Вилијамс со 23 коша беше прв стрелец кај Бруклин, Џо Џонсон даде 17, а Кевин Гарнет 13 поени. Победничката екипа ќе оди на шампионот Мајами.
