Политика

Средба Ковачевски-Таравари во Владата

31.01.2023 12:41

Таравари на разговор оди со пакет барања распоредени во пет точки. Ковачевски информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка...

Во Владата, средба Ковачевски-Таравари. Ќе се разговара за евентуален влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција. Таравари на разговор оди со пакет барања распоредени во пет точки.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“, информира дека со Таравари ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка.

На средбата, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони.

Тој најави дека денеска СДСМ ќе одржи седница на Извршниот комитет на која ќе се разговара за актуелните прашања.