Успешен старт на драмското студио „Миладин“ од Струга
Oд бајки, преку комедии до драми. Oва е репертоарот на драмското студио „Mиладин“ од Струга кое во отсуство на професионален театар, приредува вистински доживувања за стружани...

Оваа година успешно стартуваше програмата на драмското студио „Миладин“ од Струга која според нивниот план, стружани во периодот кој следи треба да очекуваат уште три претстави за оваа година.
„Оваа година од зацртана програма прва стартуваше детската претстава „Црвенкапа во небајка“ во моја драматизациа и режија. После тоа следуваше и премиерата на „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ. Двете претстави се изведоа на штиците на Центарот за култура во Струга, објаснува Ристе Миладин, координатор на драмското студио „Миладин“ од Струга.
И овој пат претставите беа интересни за публиката за што потврда беше и полната сала во Струга.
„За наша радост и за радост на публиката салата беше исоплнета, гледачите мислам дека се навраќаат се почесто и почесто на тетарската уметност и ги посетуваат драмските претстави. Секогаш се трудиме да го претставиме својот квалитет, да не биде тоа игра, туку да биде навистина тетарска претстава која ќе остави белег кај наслението“, вели Ристе Миладин.
До крајот на оваа година ќе следуваат уште три премиери две детски и една за возрасната публика.
Јованчо Наумоски
