Османи: 2023-та, година на меѓународно етаблирање на Северна Македонија
Преку видео-обраќање од Брисел, каде што во својство на Претседавач со ОБСЕ, престојува во посета на НАТО и ЕУ институции, Османи нагласи дека оваа година земјата има исклучителна можност да се докаже како кредибилен партнер на меѓународната заедница, преку претседавањето со ОБСЕ, САД-Јадранската Повелба, како и со процесот за соработка во Југо-источна Европа...

На годишната конференција „Година на нови можности“, министерот за надворешни работи, Бујар Османи нагласи дека надворешната политика останува фокусирана во реализација на клучната стратешка цел,членство во Европската Унија заклучно со 2030 година. Во тој контекст, врвен приоритет останува негувањето на добрососедските односи, вклучувајќи го и дијалогот со Република Бугарија.
Преку видео-обраќање од Брисел, каде што во својство на Претседавач со ОБСЕ, престојува во посета на НАТО и ЕУ институции, Османи нагласи дека оваа година земјата има исклучителна можност да се докаже како кредибилен партнер на меѓународната заедница, преку претседавањето со ОБСЕ, САД-Јадранската Повелба, како и со процесот за соработка во Југо-источна Европа.
На панел насловен „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“, Османи говореше и за достигнувањата минатата година, меѓу кои: почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ, добриот извештај на Европската Комисија, постигнувањето 100% усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, потпишувањето на Договорот со Фронтекс, лансирањето на Стратешкиот дијалог со САД и други.
Покрај Османи, на панел се обратија и Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Исмет Рамадани, претседател на Евро-Атлантски Совет на Северна Македонија како и Никола Дујовски, декан на Факултет за безбедност.
