Политика

Таравари: Договорот не е дефинитивен, но влезот на Алијансата во Владата е веројатен

31.01.2023 19:21

Околу 90 насто од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не се разговарало, рече Таравари по средбата со премиерот Ковачевски...

Околу 90 насто од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не се разговарало, рече Таравари по средбата со премиерот Ковачевски. Договорот не е дефинитивен, но влезот на Алијансата во Владата е веројатен, потврди Таравари.

Според Таравари партијата располагала со најдобри кандидати во областа на здравството.

Во соопштението од Владата се потврдуваат темите поврзани со членството во НАТО, европските интеграции и стратегиското партнерство со САД.

„Во фокус на разговорите помеѓу премиерот Ковачевски и Таравари беа и неприкосновената борба против корупција во контекст на реформските процеси кои се случуваат во државата, како и процесот на скринингот кој досега успешно се одвива, но и процесот на носење одлуки и реформи кои ќе придонесат до што поскора интеграција на земјата во ЕУ“, пишува во соопштението од Владата.

Се разговарало и за односите со соседите, за енергетската криза, за спречувањето на злоупотребата на балансерот, законот за владата, пишува во информацијата од владата за средбата Ковачевски-Таравари. Оттаму дополнуваат дека премиерот во наредниот период ќе продолжи со состаноците со парламентарните и вонпарламентарните партии.

 

Игор Панов