Политика

Ковачевски: Во најголем дел се согласивме со Таравари, останува да се утврдат деталите

31.01.2023 20:12

Вечерва седница на Извршниот одбор на СДСМ. Ковачевски потврди- во најголем дел се согласивме со Таравари, останува во наредниот период да се утврдат деталите...

Вечерва седница на Извршниот одбор на СДСМ. Ковачевски потврди- во најголем дел се согласивме со Таравари, останува во наредниот период да се утврдат деталите.

„И тој го кажа истото што и јас го кажав во однос на програмските усогласувања. Да се разбереме дека основните претпоставките на ова владино мнозинство се на линија на тоа што Алијанса и други партии го застапуваат, а тоа е: стратешко партнерство со САД, продолжување на патот во европските интеграции, носење на сите реформски закони во Собранието што се потребни, носење на големите одлуки што се потребни за продолжување на патот ко ЕУ, како и носење системски решенија за унапредување на владеење на правото, контролните механизми и борбата против корупцијата. Можам да кажам дека да, во најголем процент се усогласивме, а во делот на другите аспекти на можната соработка разговорите ќе продолжат“, изјави Ковачевски пред седницата на Извршниот одбор на СДСМ.

На новинарско прашање дали се усогласени со Алтернатива, Ковачевски вечерва одговори дека имале состаноци, а во наредните денови ќе се одржат и нови.

„Со Алтернатива имавме состаноци изминатите денови, во текот на наредните денови нормално дека ќе имаме состаноци на кои ќе разговараме исто така за развојот на разговорите со Алијанса“, рече Ковачевски.