Расте бројот на загинати по нападот на џамијата во Пакистан
Бројот на загинати во самоубиствениот напад на џамијата во Пешавар, на северозападот на Пакистан, порасна на 100...

Бројот на загинати во самоубиствениот напад на џамијата во Пешавар, на северозападот на Пакистан, порасна на 100, соопштија властите. Џамијата се наоѓа во областа на седиштето на полициските сили за безбедност и во тек е истрага за тоа како бомбашот успеал да влезе.
Пакистанските талибанци негираа вмешаност по првичното тврдење на еден од нивните команданти, пренесуваат агенциите.
Властите соопштија дека повеќето загинати и многу од 157 ранети се полицајци.
Премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф го осуди нападот и нареди истрага за тоа како напаѓачот успеал да влезе во комплексот.
„Терористите сакаат да создадат страв целејќи на оние кои ја вршат должноста одбрана на Пакистан“, напиша Шариф на Твитер.
Пакистанскиот премиер, кој ја посети болницата во Пешавар по нападот, прогласи национален ден на жалост и вети строга акција против извршителите. Властите допрва треба да утврдат кој стои зад бомбашкиот напад.
