Фудбал

Сабицер оди во Манчестер до јуни

31.01.2023 20:39

Сабицер доаѓа за да ја пополни дупката во средниот ред откако Кристијан Ериксен, данската ѕвезда има посериозна повреда на скочниот зглоб и ќе паузира до почетокот на мај...

Иако се најавуваше дека ќе има опција за откуп на договорот по завршување на сезоната, во преговорите на Јунајтед и Баерн е договорен исклучиво заем во следните пет месеци, без никаква клаузула за откуп.

Сабицер пред повеќе од час и пол, се договори со Јунајтед за своите лични услови и веднаш замина за Манчестер за да ги изврши лекарските прегледи и да го потпише договорот, а во меѓувреме до полноќ кога завршува трансфер пазарот, двата клуба само треба комплетните документации да ги разменат и потпишат за да се заврши бирократската процедура.

Сабицер доаѓа за да ја пополни дупката во средниот ред откако Кристијан Ериксен, данската ѕвезда има посериозна повреда на скочниот зглоб и ќе паузира до почетокот на мај. Претходно месецов, Јунајтед договори заем на холандскиот напаѓач Ваут Вегхорст, исто така до крајот на сезонава.