Здравје

Ова се шест најопасни намирници, вели науката

31.01.2023 20:55

За опасни намирници се сметаат засладените пијалаци, трансмасните киселини, рафинирани и додадени шеќери, мононатриум глутамат, рибата со висока содржина на жива...

Во последниве години, здравата исхрана е сè повеќе во фокусот на младите и возрасните. За да знаете која храна е добра, а која лоша, клучно е да разберете од каде таа доаѓа. Лоша храна се смета онаа со мала или никаква хранлива вредност. Нездравата храна го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви болести.

Пред сè, за опасни намирници се сметаат засладените пијалаци. Ако човек секојдневно ги консумира, потребно е постепено да го намалува нивниот внес. Газираните и слатките пијалаци треба да заземаат минимално учество во нашите менија.

На второ место се, трансмасните киселини настануваат како нуспроизвод на делумна хидрогенизација на растителните масла и при продолжено загревање на растително масло на повисоки температури. Имаат бројни негативни ефекти врз метаболизмот, особено во развојот на атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања. Примери на храна која содржи трансмасти се маргарин, колачи, хамбургери и помфрит.

Следуваат, рафинирани и додадени шеќери, кои предизвикуваат дебелина, а ги има во слатките, пченкарниот и јаворов сируп итн.

Треба да се избегнуваат и заситените масти, бидејќи нивното прекумерно внесување може да го зголеми нивото на ЛДЛ или штетниот холестерол. Нездрав е исто мононатриум глутамат, еден од најраспространетите адитиви во храната, односно засилувачи на вкусот. И на крајот, опасна по здравјето се смета и рибата со висока содржина на жива, како што се ајкулата, туната и сабјарката, пишуваат медиумите.