65 санкционирани возачи, меѓу кои возач со измерени 2,12 промили алкохол
На територијата во Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 65 возачи...

Денеска, во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 65 возачи. Меѓу санкционираните е и професионален возач, кај кого при контрола се измерени 2,12 промили алкохол.
Притоа, 46 од санкционираните возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
