Нимиц закажа нова рунда преговори на 6 мај во Њујорк

03.05.2014 12:17

Средбата доаѓа пред европските и локалните избори во Грција...

Посредникот во разговорите за спорот околу  името амбасадорот Метју Нимиц закажа нова рунда разговори на 6 мај во Њујорк. Според соопштението од  Обединетите нации, двајцата преговарачи, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, ја прифатиле поканата.

Според утврдениот формат, Нимиц првин ќе се сретне одделно со двајцата преговарачи, а потоа ќе има и  заедничка средба во седиштето на Обединетите нации на Ист Ривер. Средбата  доаѓа пред европските и локалните избори во Грција, а беше најавена од страна на амбасадорот Нимиц, како и неговата  посета на Македонија и на Грција, по завршување на  изборните циклуси во двете земји.