СДСМ: Продолжуваат разговорите со Алијанса за зголемување на мнозинството
Како што соопштија од партијата, за понатамошните разговори со Алијанса, Извршниот одбор на СДСМ одреди Работна група во која покрај претседателот ќе учествуваат и: Миле Зечевиќ – генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски – член на Централниот одбор и Јован Митрески – координатор на ПГ на СДСМ.

Извршниот одбор на СДСМ едногласно одлучи, партијата да ги продолжи разговорите за зголемување на мнозинствотот со Алијанса, врз основа на политички и програмски принципи.
Како што соопштија од партијата, за понатамошните разговори со Алијанса, Извршниот одбор на СДСМ одреди Работна група во која покрај претседателот ќе учествуваат и: Миле Зечевиќ – генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски – член на Централниот одбор и Јован Митрески – координатор на ПГ на СДСМ.
Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, го информирал Извршниот одбор за разговорите со претседателот на Алијанса околу програмскиот дел на можната соработка.
Заедничка оценка е дека Алијанса го поддржува концептот за европска Македонија, а со тоа и директно да придонесат кон остварувањето на стратешките, национални и државни интереси за спроведување на реформите и сите потребни чекори за членство во ЕУ преку директно учество- стои во соопштението.
