Средба Грковска – Шахин
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот...

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот.
За време на конструктивната средба се дискутираше околу одлуките кои Владата на Северна Македонија ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и позитивниот пример кој Северна Македонија го дава за земјите во регионот.
Меѓу другото, сенаторката отворено ја истакна својата поддршка за што поскоро отпочнување на процесот за преговори со Европската Унија кои се од клучна важност како за Северна Македонија така и за стабилноста и безбедноста во регионот.
