2.100 луѓе настрадаа во лизгање на земјиште во Авганистан
03.05.2014 16:37
Причина за одроните се минатонеделните поројни дождови во областа...

Над 2.100 луѓе настрадаа по лизгање на земјиштето во североисточниот дел на Авганистан. Земјената лавина прво поклопила луѓе на свадбена свеченост, а потоа масите го срамниле планинското село Хобо Барик.
Спасувачките екипи на Обединетите нации во моментот помагаат при евакупација на 4 илјади раселени, поради опасноста од ново лизгање на земјиштето во областа.
Причина за одроните се минатонеделните поројни дождови во областа, при што само минатата недела во четири авганистански провинции поплавите однеле над 100 човечки животи
