Хаити
Четворица осомничени за атентатот на Моисе одат во САД
01.02.2023 09:48
Тројца американско-хаитски државјани и Колумбиец им се предаден на САД поради вмешаност во атентатот на претседателот на Хаити, Моисе во 2021 година...

Тројца американско-хаитски државјани и Колумбиец им се предаден на САД поради вмешаност во атентатот на претседателот на Хаити, Моисе во 2021 година.
Обвинението ќе им биде прочитано во Сојузен суд во Мајами. Во текот на истрагата која ја презеде американското правосудство беа уапсени четириесетина осомничени.
Дел од нив се поранешни колумбиски војници ангажирани од компанијата за приватно обезбедување, а некои биле вработени во приватна воена компанија со седиште во Флорида.
