САД
Бура предизвика колапс во САД, откажани летови и тешки сообраќајки
01.02.2023 09:50
Зимското невреме парализираше голем дел од југот на САД. Откажани се над 1.700 летови, а блокиран е и сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас...

Зимското невреме парализираше голем дел од југот на САД. Откажани се над 1.700 летови, а блокиран е и сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас.
Во Тексас регистрирани сообраќајни несреќи во кои има жртви. Предупредувања се издадени се до Вирџинија. Пријавени се околу 7.000 прекини на снабдувањето со електрична енергија поради замрзнати далноводи и паднати дрвја. Метеоролозите прогнозираат и дожд и град.
Наставата во Тексас, Оклахома и Арканзас се изведува онлајн.
