МВР

Приведено лице од Скопје по распишана централна потерница

01.02.2023 09:52

Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик...

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров и Одделението за криминалистички работи Центар Бит Пазар вчера го лишиле од слобода лицето С.А.(42) од Скопје.

Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната- соопштуваат од МВР.