Спречен шверц на марихуана
27.11.2013 22:26
Спречен е шверц на 30 килограми марихуана

Спречен е шверц на 30 килограми марихуана во вредност од 200 илјади евра. Царинската управа на РМ дрогата ја пронашла под покривот на возило, марка Фолксваген. Марихуаната требало да заврши во Грција кај албански државјанин кој живее во Солун. Македонските цариници ги спречиле во обидот да ја минат границата, кај граничниот премин Меџитлија. Од почетокот на годината откриени се 23 обиди за пренос на марихуана преку македонските граници, при што се запленети 750 килограми марихуана.
