Тодоров: Нови 11 биохемиски анализатори за девет јавни установи

03.05.2014 16:40

Со оваа набавка лабораториите на болниците добиваат анализатори со високо софистицирана технологија коишто ќе ја подобрат ефикасноста...

Девет јавни здравствени установи ќе добијат 11 нови анализатори за биохемиска анализа. Со новата технологија за само неколку минути ќе се добијат резултатите, а заштедите на здравствените установи ќе бидат поголеми.

„Со оваа набавка лабораториите на болниците добиваат анализатори со високо софистицирана технологија коишто ќе ја подобрат ефикасноста, точноста на резултатите и брзината на нивното издавање. Овие анализатори имаат неколку патентирани технологии, како и голем број позиции за реагенси и примероци што овозможува голема флексибилност и автономија во работењето“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Најмногу анализи се прават на Клиниката за биохемија, и тоа еден милион и триста годишно.