Вархеји на средба со делегација на македонските Бугари
Средбата се одржува во барање на претставниците на бугарската заедница во Македонија поради како што велат институционална омраза и систематска дискриминација и по инцидентот во Охрид со Христијан Прендиков...

Еврокомесарот за проширување Вархеји во Брисел на средба со делегација на македонските Бугари. Средбата се одржува во барање на претставниците на бугарската заедница во Македонија поради како што велат институционална омраза и систематска дискриминација и по инцидентот во Охрид со Христијан Прендиков. Македонските Бугари ги претставуваат Петар Колев и Георги Трендафилов од Граѓанско-демократската унија и Љупчо Георгиевски од бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Во писмото што го испратија до еврокомесарот Вархеји пред средбата, се жалат дека нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт.
„Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување на дијалог со локалните и централни власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминува нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас-граѓаните на Република Северна Македонија кои не се плашат и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да ги бранат нашето македонско-бугарско наследство и идентитет“, стои во писмото од македонските Бугари до Вархеји.
