Србија-Бугарија

Почна изградбата на гасоводот меѓу Србија и Бугарија

01.02.2023 11:19

Проектот кој треба да заврши во октомври ќе обезбеди дополнителни 80 проценти зголемување на капацитетот во однос на сегашните годишни потреби на Србија...

Почна изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија во делот од гасоводот од Ниш до границата со Бугарија, кај Димитровград. Проектот кој треба да заврши во октомври ќе обезбеди дополнителни 80 проценти зголемување на капацитетот во однос на сегашните годишни потреби на Србија.

Има вкупна должина од 170 километри. Ќе произведува 1,8 милијарди кубни метри гас годишно.