АВСТРАЛИЈА

Пронајдена е радиоактивната капсула која испадна од камион

01.02.2023 11:20

Радиоактивната супстанца се користи во опремата за рударство и може да предизвика сериозни здравствени проблеми...

Австралиските власти ја пронајдоа капсулата со цезиум-137 која исчезна при транспорт од компанијата Рио Тинто. Радиоактивната супстанца се користи во опремата за рударство и може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Инцидентот предизвика големо внимание бидејќи ракувањето со ваквите материјали е регулирано со строги протоколи.