Строе: Местото на опозицијата е во парламентот

03.05.2014 16:42

Строе и порача на македонската опозиција да ги заземе освоените пратенички места и да почне со работа во новиот парламентарен состав...

Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Иванов упати денеска Јонут Строе, потпретседател на Алијансата на либерали и демократи и Шеф на романската делегација во Советот на Европа.

Строе и порача на македонската опозиција да ги заземе освоените пратенички места и да почне со работа во новиот парламентарен состав.

Тој вели дека парламентарните партии ја имаат одговорноста во изградба на слободна и демократска држава, па затоа сите партии вклучувајќи ја и опозицијата имаат обврска да делуваат во рамките на мандатот којшто им е доделен.

Во однос на забелешките за немање рамноправен натпревар на изборите, Строе вели дека партиите од власта и опозицијата треба да работат заедно со цел, како што рече, преку реформи да се надминат техничките неправилности во изборниот процес.