Самит ЕУ- Украина во петок во Киев
В петок самит на Европската унија во Киев, ќе се дискутира за најраниот почеток на преговорите за пристапување во Унијата. Сè уште не е завршено со смените на високи функционери во Киев. Главниот град изгледа мирно, но секојдневно се огласува тревогата за воздушни напади...

Украина е подготвена да преземе големи реформи кои ќе ја променат социјалната, правната и политичката реалност и покрај војната. В петок самит на Европската унија во Киев, ќе се дискутира за најраниот почеток на преговорите за пристапување во Унијата.
„Нашите одбранбени и безбедносни сили, украинската влада, нашите партнери – сите ние правиме напори Русија да ја изгуби својата последна надеж за агресија во обидите за реванширање“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Сè уште не е завршено со смените на високи функционери во Киев. Главниот град изгледа мирно, но секојдневно се огласува тревогата за воздушни напади. Жителите сметаа дека им е потребна поголема поддршка од меѓународната заедница. Украина ги притиска западните сојузници да и обезбедат борбени авиони, една недела откако ги доби ветувањата за софистицирани модерни тенкови.
„Многу сум загрижена за нашите војници. Многу им е тешко“, изјави Дијана Прохоренко-жителка на Киев.
„Неопходно е да се осигура дека системот за дистрибуција на хуманитарна помош работи правилно и да има повеќе хуманитарна помош“, вели Микита Москаленко, жителка на Киев.
Со Франција разговарано за платформите за помош на одбраната земја-воздух. Потврдено е дека Париз испраќа уште 12 топови Цезар … САД подготвуваат воена помош од две милијарди долари, вклучително и ракети со долг дострел … Од Кремљ велат дека Вашингтон ја уништил правната основа на новиот договор за контрола на оружјето „СТАРТ“, а целата воена инфраструктура на НАТО работи против Русија во украински интерес.
„Целата воена инфраструктура на НАТО работи против Русија, вклучувајќи авиони и сателитски групи, работи 24/7 во интересите на украинскиот режим. Се разбира, сето тоа ни создава многу непријателски услови, кои не можеме да ги игнорираме“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
На фронтот, најжестоки битки се водат во Доњецк. Има загинати и повредени цивили. Руското Министерство за одбрана објави снимка од борбени мисии во Керсон, уништувајќи жива сила и опрема на украинските вооружени сили.
Маријана Димовска
