Здравство

Се чека правилник за нови лекови на позитивната листа

01.02.2023 12:43

Сè уште нема правилник за нови лекови на позитивната листа. Не е менувана 15-ина години. Граѓаните на рецепт земаат лекови кои во некои земји одамна се исфрлени од употреба. Од Здравство за МТВ велат дека деновиве Правилникот ќе биде објавен во „Службен весник“...

Пациентите ќе продолжат да се лекуваат со застарени лекови. Министерството за здравство сè уште не го објави Правилникот за ставање нови лекови на позитивната листа. Ова треба да биде првиот чекор, во процесот кој нема трае кратко со оглед дека листата на лекови не е менувана 15-ина години. Граѓаните на рецепт земаат лекови кои во некои земји одамна не се користат или лекови со ефикасност од 30 проценти, за разлика од новите кај кои ефикасноста е и 80 проценти. Од здруженијата на пациенти реагираат законот ги обврзувал надлежните овој процес да го завршат пред 3 години.

ЕУ во извештаите од последните 4 години нотира дека не е преземено ништо во однос на достапноста на лековите и дека е потребно усогласување со европското законодавство.

Освен што граѓаните се лекуваат со застарени лекови, проблем имаат и пациентите на кои им е потребна скапа терапија. Сених вели дека сите земји во ЕУ ова го решаваат со директни преговори на највисоко ниво со фармацевтските компании, но за тоа да се прави и кај нас е потребно законско решение.

 

Наташа Јанчиќ Менковски