Политика

Влезот на Алијанса во Владата за Мицкоски е „естрадна коалиција“

01.02.2023 12:53

Мицкоски сè уште е оптимист дека предвремени избори се можни, но додава дека и да се случат редовни идната година, за десетина месеци граѓаните не би имале никаков бенефит од работата на актуелната власт...

Естрадна коалиција, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја нарече можната нова соработка и влезот на Алијанса за Албанците во Владата. Мицкоски сè уште е оптимист дека предвремени избори се можни, но додава дека и да се случат редовни идната година, за десетина месеци граѓаните не би имале никаков бенефит од работата на актуелната власт.

„Бидејќи сè уште има структури во пратеничката група на СДСМ и на останатите политички партии кои сè уште го поддржуваат владиното мнозинство, сè уште рефлектираат позиции дека се незадоволни од ова што се случува, ќе се охрабрат и нема да ги прифатат предлозите на Ковачевски кои ќе бидат номинирани за министри. Самото тоа ќе даде одговор дали ќе имаме предвремени избори или ќе одиме на редовни избори следната пролет заедно со претседателските“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека граѓаните не треба да се измачуваат со естрадните политики на „владата на ДУИ поддржана од СДСМ“.