Македонија

Вработените во секретаријатот и стручните единици на МАНУ на штрајк поради ниски плати

01.02.2023 12:59

Причина, како што нагласуваат, се недостоинствено ниските плати на вработените во секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во државава, односно малку над минималната плата.

Првпат во 56-годишното постоење на МАНУ, членовите на синдикалната организација на академијата, во која членуваат вработените во секретаријатот и стручните единици, на 9-ти февруари ќе стапат во штрајк.

Причина, како што нагласуваат, се недостоинствено ниските плати на вработените во секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во државава, односно малку над минималната плата.

Според Законот за МАНУ, таа е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата.

Во штрајкот не учествуваат академиците и научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.