За поголема интегрираност во образованието, стипендии добија 623 средношколци роми
Бесплатни учебници, превозот, сместувањето во ученичките домови, намалените критериуми за упис на средношколците роми за 10 проценти секоја година во конкурсот...
Веќе петта година по ред минстерството за образование и наука во соработка со Ромскиот образовен фонд во Будимпешта го имплементира проектот за стипендирање, менторство и туторство на средношколцо роми. Оваа година стипендија добија вкупно 623 ученици, а селектирани се околу 100- тина ментори и 11 наставници тутори. Од министерството за образование најавија и дека првото средно училиште во општина шуто оризари до септември ќе биде целосно готово.
623 средношколци роми оваа година добија стипендија. Бесплатни учебници, превозот, сместувањето во ученичките домови, намалените критериуми за упис на средношколците роми за 10 проценти секоја година во конкурсот... Од управата за развој и унапредување на образованието на припадниците на зедниците оценуваат дека се исполнети сите предуслови за да може секое дете од ромската заедница да заврши училилиште...
„Не земајќи ги предвид овие 623 стипендии годинава што се доделени вкупнот број за 4 те предходни години е 2239 стипендисти а од нив успешно завшиле 2209. Значи за четири год сме изгубиле само 30 средношколци“, вели Реџеп Али Чупи – директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците и припадниците на зедниците.
Додека трае декадата на Ромите од септември Шуто Оризари ќе го добие и првото средно училиште.
„Сега сме во фаза во којашто во соработка со градот Скопје и со соодветната општина шуто оризари ги разгледуваме можностите односно интересите и потребите на населението во смисла на тоа ки струки да бидат предвидени како дел од соодветното средно училиште во општина шуто оризари“, изјави Спиро Ристовски, министер за образование и наука.
Од Министерството велат дека во новата учебна година подновени услови ќе добијат и основците во Шуто Оризари, во селото Српци,а се планира завршенување и на шесте модуларни училишта.
Ана Јосифоска
