Судовите ќе одлучуваат за клубот „Иван Михајлов“
Тупанчевски од медиумите дознал дека за него и Министерството, Комисијата за заштита од дискриминација поведе прекршочна постапка поради неизвршен надзор во бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Министерството за правда единствено е надлежно да се грижи за примената на законот, појаснува Тупанчевски...

Чека да ја добие и да ја разгледа прекршочната пријава поднесена од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација па потоа министерот за правда Никола Тупанчевски ќе се произнесе за неизвршување на законски надлежности поврзани со клубот Ванчо Михајлов во Битола.
Судот ќе го има последниот збор – вели за МТВ претседателката на комисијата Бендевска.
„Законска обврска ни е да поднесеме прекршочна пријава кога нема да биде постапено по нашите препораки. Констатиравме потешки форми на дискриминација и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите и побаравме да се отстранат причините“, изјави Бендевска.
Постапувајќи по претставката на Сојузот на борците од Битола комисијата утврди дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името и треба да му биде поништена регистрацијата. Од Правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар, додека од Културниот центар дека мислењето на комисијата е тенденциозно, а подносителот на претставката не понудил докази дека Ванчо Михајлов е фашист.
За три недели истекува и рокот во кој клубовите „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис трети“ ќе мора да ги сменат имињата или треба да следува нивно затворање според измените на законот за здруженија и фондации.
Фиљана Кока
