Тензична собраниската расправа за избор на Јовески за уставен судија
Во тензична атмосфера продолжи расправата на собраниската Комисија на која се разгледува предлогот, актуелниот републички обвинител Љубомир Јовески да биде избран за уставен судија. Од ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат со предлогот и бараат да се повлече, затоа што како што велат – Јовески не испорачал резултати...

Високи тонови, караници, опоменување. Во тензична атмосфера продолжи расправата на собраниската Комисија на која се разгледува предлогот, актуелниот републички обвинител Љубомир Јовески да биде избран за уставен судија. Од ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат со предлогот и бараат да се повлече, затоа што како што велат – Јовески не испорачал резултати. Побараа и стенограмски записи за да се види кој што кажал на седницата.
Претседателката на Комисијата Георгиевска, за чија работа е поднесена и интерпелација, рече дека не може да го повлече предлогот за избор на Јовески, бидејќи тој предлог дошол од други пратеници, а таа нема добиено информација за негово евентуално повлекување.
На разгледување на собраниската комисија имаше девет предлози за уставни судии од кои три од владејачкото мнозинство и шест од опозицијата. Филтерот го поминаа двајца – Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер кои сега делат правда во највисокиот суд во земјава. Претседателката на Уставниот суд Кацарска бара комплетирање на составот, за да може институцијата да функционира.
Анита Димитријевска Велковска
