МВР

Уште една година рок регистарските таблички со „МК“ да се заменат со „НМК“

01.02.2023 13:56

Промената на регистарските таблички мора да се направи до 12-ти февруари 2024-та година...

Граѓаните што имаат возила со регистарски таблички на кои има ознака „МК“ имаат рок од уште околу една година за да ги заменат со нови, со ознаката „НМК“, информира Министерството за внатрешни работи. Промената на регистарските таблички мора да се направи до 12-ти февруари 2024-та година.

„Согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака „МК“, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година“- соопштуваат од МВР.

Промена на ознаката на регистарските таблички од „МК“ во „НМК“ произлезе од Преспанскиот договор што земјава го потпиша со Грција во јуни 2018-та година.