ССНМ: Нема причина за одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите
Денеска се одбележува Светскиот ден на слобода на медиумите, востановен во декември 1993 година по препорака на генералната конференција на УНЕСКО, а прогласен од Генералното собрание на ОН.Годинава Македонија е оценета како делумно слободна земја...

Македонија не го одбележа 3 Мај меѓународниот ден на слободата на медиумите, бидејќи нема што да одбележи, велат од самостојниот синдикат на новинарите. Оценуваат дека медиумските работници работат со страв од одмазда, со закани, корупција и насилство.
„Денот што повеќе од две денеции светот и го посветува на слободата на медиумите, е можност и новинарите во Македонија да потсетат дека не постои слобода без слобода на медиуми, дека не постои демократија без судир на мислења, дека новинарството е една од најбитните професии во изградбата на демократските капацитети“, смета Владо Апостолов од ССНМ.
Слободните и независните медиуми претставуваат основен темел на демократското општество, бидејќи го ослободуваат слободниот проток на информации и идеи и обезбедуваат транспарентност и одговорност.
„Не постои држава во светот во која има слобода, демократија, економска, политичка, социјална благосостојба на граѓаните, без да има основни слободни медиумски права“, изјави Билјана Петковска од МИМ.
Според последниот извештај на Фридом Хаус, Македонија е делумно слободна земја.Се наоѓа на 122 место во светот.
Анита Никушева
