Животот не трпи тендери
Потребно е системско решение за набавка на лекови за лицата со ретки болести,бидејќи сегашниот систем е нефункционален,поради што дел од пациентите остануваат без потребната терапија,а некои чекаат со години да биде одобрена набавката.ова е ставот на лекарите кои присуствуваа на стартот на петтата сезона на националната кампања „ги запознаваме ретките болести“...

Животот не трпи тендери,бидејќи терапијата за лицата со ретки болести и колку да е скапа спасува животи.Ова беше речено на почетокот на 5-тото јубилејно издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“,при што беше посочено дека треба да се направи позитивна листа на лекови кои ќе се набавуваат за овие пациенти,а набавката да оди преку Фондот за здравствено осигурување.
„Оваа година буџетот се зголеми,меѓутоа за жал еве за некои болести,за некои пациенти кои ние како Клиника за нефрологија, аплициравме,тие не влегоа во тендерот за оваа година. Значи овие пациенти треба да чекаат цела година,за следната година ако има некој поголем буџет да влезат,да се набави лек“, изјави доц. д-р Иван Барбов.
„Македонија е сиромашна држава,а ние се наоѓаме меѓу нашиот мал буџет и тоа што сакаме да личиме на Европа.Јас не знам,можеби министерството би требало да најде начин со некои донации или други фондови што би го дополниле овој буџет“, изјави д-р Нора Абази Емини.
„Во минатото имавме проблеми,но сега во Хрватска добро стоиме со набавките на лекови за лицата со ретки болести,а тој модел е сличен на оној во Западна Европа.Тие лекови се потребни затоа што поголемиот број од пациентите што јас ги третирам водат нормален живот“, истакна проф. д-р Данко Милошевиќ од Хрватска.
Според лекарите нема доволно лекови за евидентираните пациенти со ретки болести,а нивниот број постојано расте и има нови лекови чии цени се далеку повисоки од оние што досега се набавуваа.
Сашо Нелоски
