Скопје

Продолжува соработката меѓу Град Скопје и Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и Сојузот на борците

01.02.2023 16:42

Денеска потпишавме договор за поддршка за реализација на активностите на програмите на двете организации...

Градот Скопје ја продолжува соработката со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и Сојузот на борците и граѓаните кои продолжуваат да го промовираат нивното дело.

Денеска потпишавме договор за поддршка за реализација на активностите на програмите на двете организации, со цел обезбедување повисок квалитет на формите на општествено вклучување на пензионерите и повозрасните категории граѓани.

Активностите вклучуваат акции од поширок општествен интерес, како и поддршка на програми за подобрување на формите на активирање на пензионерите. Градот Скопје континуирано се грижи за повозрасните групи граѓани и воедно ја изразува својата благодарност за нивниот несебичен влог во развојот на нашето општество, стои во соопштението од Град Скопје.