Скопје

При претрес пронајдени дрога и муниција

01.02.2023 18:45

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес кај М.М., на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, една дигитална вага и седум куршуми калибар 9 мм...

Денес, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишен е од слобода М.М.(45) од Скопје.

Имено, врз основа на судска наредба, извршен е претрес кај М.М., на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, една дигитална вага и седум куршуми калибар 9 мм.

Лицето е приведено во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.