Автокоманда

ЕСМ да ја префрли населбата од Енергетика на топлана Исток, бараат жителите на Автокоманда

01.02.2023 19:01

Граѓани од скопска Автокоманда, кои досега се грееја на „железарското“ парно, излегоа на протест – побараа Владата да ја поништи одлуката...

Граѓани од скопска Автокоманда, кои досега се грееја на „железарското“ парно, излегоа на протест, побараа Владата да ја поништи одлуката, ЕСМ да ја префрли населбата од подружницата Енергетика на топланата Исток. Им дадоа рок на властите до недела да се надмине состојбата. Во спротивност, се заканија дека од понеделник ќе го блокираат булеварот Александар Македонски, стравуваат дека ќе плаќаат повисоки сметки, а нема да имаат 24 часовно греење. Поддршка и од градоначалникот.

Од компанијата појаснуваат дека граѓаните ќе добиваат топлинска енергија од ЕСМ снабдување. Тоа го направиле за оптимизирање на трошоците и за зголемување на ефикасноста на системите за централно греење кои досега функционираа одделно, а сега се функционална целина.

Жителите се заканија дека нема да потпишуваат договори со новиот снабдувач.

 

Игор Панов