Политика

Одржана 122-та владина седница

01.02.2023 20:10

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 122-та владина седница...

Од 122-та владина седница, разгледана е информацијата за обезбедување дополнителни финансиски средства за терапија за лицата со цистична фиброза, одлука за здравствени услуги од областа на онкологијата и радиотерапијата во Градската болница „8-ми Септември“.

Утврден е Предлогот на закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата, утврден е Предлог на закон за данок на солидарност, утврдени се Предлог законски измени да се опфати оризот меѓу стоковните резерви, утврдени се законски измени за бришење на одредбата за 30-процентно зголемување на платите во Министерството за финансии, прифатен е текстот на Програмата на економски реформи 2023 – 2025, стои во соопштението од Влада.